Top Sport

Врие во Мадрид, Роналдо сака да го напушти Реал

Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид! Оваа вест која ја објави „Ас“ како „бомба“ одекна во Мадрид. Португалецот бил разочаран од однесувањето на претседателот Флорентино Перез.

Кристијано Роналдо, како што пренесува весникот, бил лут и разочаран што по освоената петта „Златна топка“, Перез не го исполнил ветувањето и не го му ја зголемил платата, односно не му израмнил примањата со оние кои ги има Меси во Барселона.

Аргентинецот кон крајот на минатата година потпиша нов договор со Барселона, се шпекулира со сума од 100 милиони бруто плата, а кога Аргентинецот го направил тоа, Роналдо добил ветување дека и нему ќе му бидат зголемени годишните примања, а тој се обврзал да се пензионира на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак „Ас“ тврди дека Португалецот сега е подготвен да се врати во Манчестер јунајтед, каде мина шест години од својата кариера од 2003 до 2009 година.

Прашање е само дали сега во Јунајтед би сакале да го видат Роналдо, бидејќи клубот наголемо работи на трансферот на Алексис Санчез, за кого ќе биде ослободена левата крилна позиција во омилената формација на Жозе Мурињо 4-2-3-1.

Scroll to Top