Top Sport

Гигс: Кога го сретнав првпат Ван Гал ми удри бокс во стомак

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, признава дека било многу необично да се работи со холандскиот стручњак Луис ван Гал на „Олд Трафорд“, додавајќи дека при нивната прва средба добил бокс во стомак од Холанѓанецот.

Ван Гал го презеде клубот по отказот за Дејвид Мојс во 2014 година, а Гигс му стана асистент на тренерот кој ги забавуваше новинарите на прес-конференциите, но не воодушеви со фудбалот, освојувајќи ја ФА куп титулата.

„Тој беше навистина посебен човек. Многу сакаше да доминира. Првпат кога се сретнавме ми удри бокс во стомак. Отидов на средба со него со листа на фудбалери кои мислев дека се добри и тие кои не се толку добри. Отидов во хотелот, тој ја отвори вратата, ме погледна убаво и ми кажа: ‘во добра форма си’ и потоа ме удри во стомакот. Не знаев како да реагирам. Посакав да му вратам, но тоа значеше дека ќе ја загубам работата. Но, тој беше таков. Сакаше да доминира и да биде многу блиску до твоето лице. Би бил кошмар во ерата на социјално дистанцирање. Се грижеше за своите луѓе и за фудбалерите, но беше многу необичен“, вели Гигс.

И покрај ваквото мислење за Холанѓанецот, Гигс, сега актуелен селектор на Велс, претходно изјавуваше дека најмногу за фудбалот научил токму од него.

Гигс: Најмногу научив од Ван Гал

Scroll to Top