Top Sport

Гигс на пресадување коса – фудбалскиот стрес е виновник!

Легендата на Манчестер Рајан Гигс потврди дека оди на терапија за пресадување на коса, велејќи дека стресот од 24 години играње фудбал лошо влијаел на неговата коса.

Гигс, кој одигра неверојатни 963 меча за Јунајтед, а сега е селектор на велшката фудбалска репрезентација, признава дека коментарите за косата почнале да му пречат „посебно на дожд“.

„Станав помалку параноичен, посебно кога знаев дека ќе има ТВ-пренос. Имав речиси 30 години тогаш, а само неколку години претходно имав долга коса. Фудбалот е стресен. Се ставаш под притисок и свесен си од последиците ако го загубиш мечот или не играш добро. Стресот не попушта“, вели Гигс.

Тој признава дека од 2009 година користи ласери, лосиони и различни шампони за раст на коса, пред да се одлучи на трансплантација. Тој бил толку импресиониран од процедурата во декември 2017, што решил да купи акции во компанијата.

Scroll to Top