Top Sport

Менди: Против Реал ќе го видите вистинското лице на Манчестер сити

Лошата домашна форма на Манчестер сити нема да биде важна против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, вели францускиот дефанзивец на англискиот шампион, Бенжамин Менди, порачувајќи дека тогаш ќе се види вистинската сила на тимот на Пеп Гвардиола.

Сити одиграа само 2:2 со Кристал палас на „Етихад“ во саботата, резултат кој ги остава 13 поени зад Ливерпул, кои имаат два меча помалку и тимот веќе има загубено повеќе поени отколку во целата сезоната 2018/19 (пет порази и три ремија). Менди вели дека мега-пресметката со Реал е вистинскиот предизвик за Сити.

„Тоа ќе биде поинаков натпревар, голем меч од Лигата на шампионите. Секој меч е голем, но знам дека многумина ќе го гледаат тој меч и веднаш се препознава атмосферата. Тогаш гориме! Ќе се справиме со Премиер лигата. Ливерпул се добар тим кој само победува, но ќе се фокусираме на нашиот тим. Сите велат дека Манчестер сити се ’готови’, но ќе се бориме до крај“, вели Менди.

Scroll to Top