Top Sport

Гигс: Погба треба да добие „третман Роналдо“ – да го шутнат на тренинзите

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс вели дека постои едноставен рецепт Пол Погба да се врати во „реалноста“ во клубот – соиграчите да го шутнат на тренинг.

Околу Погба цело лето се вртеа шпекулации дека е пред заминување во Реал Мадрид или во Јувентус, но на крајот тој барем засега е во тимот на Оле Гунар Солскјер. Гигс вели дека третманот кој во негово време го добиваше Кристијано Роналдо, сега треба да му се направи на Погба.

„Шутнете го на тренинг. Тоа веќе не се случува и го загубивме тоа. Не велам дека треба да се тепаат на тренинг, но на тој начин Кристијано стана подобар фудбалер. Сколс ќе го шутнеше ако премногу ја дриблаше топката. И одеднаш му текна дека нема да може само да дрибла. Во едно интервју со Винсен Компани и тој призна дека понекогаш треба да го шутнеш фудбалерот. Тоа ќе им недостасува на Манчестер сити оваа година“, вели Гигс.

Гигс му дава целосна поддршка на тренерот Оле Гунар Солскјер, и вели дека е најважно да се оди во вистински правец.

„Јирген Клоп не стана брилијантен преку ноќ, но го подобруваше тимот постојано. Како навивач на Јунајтед, знам дека тоа ние потребно. Да не велиме дека ќе ја освоиме титулата оваа година, но мора да се види подобрување со фудбалери кои имаат желба“, додава Гигс.

Scroll to Top