Top Sport

Нејмар не е во тимот на ПСЖ, дали трансферот конечно ќе се оствари?

Нејмар нема да биде во составот на Пари Сен-Жермен за дуелот од Лига 1 против Ним, откако од Франција доаѓаат вести дека „преговорите за трансфер се најзасилени досега“.

Бразилската суперѕвезда бара трансфер од ПСЖ цело лето и преферира да се врати во Барселона и покрај мега-понудата која ја подготвува Реал Мадрид, и сега информациите велат дека претседателот Насер Ал-Хелаифи е подготвен за договор ако се постигне „вистинска“ цена за 27-годишниот напаѓач.

Нејмар полека се враќа во форма по повредата на скочниот зглоб поради која е играше во шампионскиот тим на Бразил кој ја освои Копа Америка. Сега, спортскиот директор Леонардо потврдува дека тој нема да биде подготвен за првиот меч од новата сезона и француските медиуми го цитираат дека има „напреднати“ преговори.

Барселона се мачи да ги најде потребните средства за враќање на својот поранешен број 11, и му понудија на ПСЖ 100 милиони евра плус двајца фудбалери (Филипе Кутињо и Усман Дембеле),

Барселона се мачи да ги најде потребните средства за враќање на својот поранешен број 11, и му понудија на ПСЖ 100 милиони евра плус двајца фудбалери (Филипе Кутињо и Усман Дембеле), но шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид се подготвени да дадат 200 милиони евра.

„Ние сме пасивни актери. Знаеме дека тој не е среќен во Париз и таа ситуација треба да се заврши таму. Не сме зборувале со него и ако има потреба ќе го направиме тоа“, изјави потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер.

Реал со супер-понуда за Нејмар, но тој ја чека Барса

Scroll to Top