Top Sport

Гигс: Виера беше „гнасен“ играч, Пети не го сакав поради косата

Ривалството помеѓу Манчестер Јунајтед на Алекс Фергусон и Арсенал на Арсен Венгер е едно од најголемите во историјата не само на Премиер лигата, туку и во англискиот фудбал.

Двата тима доминираа во еден период во Премиер лигата, а константната борба за трофеите, предизвикуваше инциденти на теренот и надвор од него.

Рајан Гигс, денес селектор на Велс, за „Дејли Мејл“ открил кои играчи на Арсенал не можел да ги поднесе.

„Не го сакав Арсенал…Не го сакав Виера, беше „гнасен“ играч, би се извлекол и со убиство“, рекол Гигс и продолжил.

„Не го сакав Пети поради долгата коса. Не го сакав Беркамп. Не го сакав и Пирес, иако сега кога ќе се сретнеме е многу фин. Тогаш не би ги погледнал, не ги познавав, нити сакав да ги запознаам. Не си дозволував да ценам некого од нив. А во суштина јас не сум таква особа. Тоа не бев јас. Но моравте да ја стекнете таа омраза. Беше тоа чиста мотивација, но длабоко во себе знаевте, дека тоа беа врвни противници и тоа ривалство ни беше се. Беше поголемо од она со Ливерпул во тоа време“, заклучил Гигс.

Scroll to Top