Top Sport

Гираси е играч на неделата во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси е прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела, во која се одиграа првите бараж натпревари за пласман во осминафиналето.

Гвинејанскиот напаѓач постигна гол и асистираше на натпреварот против Спортинг во Лисабон кој неговиот тим го доби со 3:0.

Неговиот соиграч Даниел Свенсон, кој пристигна во Борусија на 3. февруари како позајмен од Нордсјеланд, беше избран во тимот на неделата во Лигата на шампионите откако дебитираше во натпреварувањето против Спортинг. Ова беше само втор настап за шведскиот фудбалер за Дортмунд.

Покрај Гираси и Свенсон, голманот Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), одбранбените играчи Федерико Гати (Јувентус), Дајот Упамекано (Баерн Минхен) и Џиваиро Рид (Феенорд), играчите од средниот ред Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) и Џуд Белингем (Реал Мадрид), односно Паишао (Феенорд) и напаѓачот Вангелис Павлидис (Бенфика) исто така беа избрани за овонеделниот тим на Лигата на шампионите, објави веб-страницата на натпреварувањето.

Реваншот од осминафиналето е закажан за 18 и 19 февруари.

Scroll to Top