Серху Гираси постигна хет-трик во победата на Борусија над Барселона (3:1), но не успеа со „милионерите“ да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Пресуди првиот меч, кој Барселона го доби со 4:0.
Гираси, на „Вестфален“ урна неколку рекорди. Со трите гола дојде до бројката 13 сезонава во Лигата на шампионите. Сега тој е најдобриот стрелец на Борусија во една сезона во Лигата на шампионите, претходно тој рекорд го држеа Роберт Левандовски и Ерлинг Халанад (12 голови).
Репрезентативецот на Гвинеја, синоќа стана првиот африкански играч кој постигнал хет-трик против Барселона. Исто тој стана и играчот кој на Барселона и дал најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (5).
Гираси игра брилијантно оваа сезона, постигнува гол на секои 144 минути. Се шпекулира дека внимателно го следат Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал.
Гираси во досегашниот дел од сезоната на 40 натпревари има учинок од 28 гола и девет асистенции.
Според „Билд“, откупната клаузула во договорот на Гираси изнесува 70 милиони евра.