Премиерлигашот Манчестер јунајтед е решен да го продаде играчот за врска, Џеси Лингард (27), па „ѓаволите“ ги чекаат понудите за него летово, пренесуваат медиумите на Островот.
Лингард кој сезонава имаше епизодна улога за тимот од „Олд Трафорд“ го загуби местото во почетниот тим на Солскјер по доаѓањето на Бруно Фернандеш на почетокот на годината.
„Гардијан“ пренесува дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ е голем фан на квалитетите на Лингард, но сепак се решил да го продаде, а со тоа да собере доволно средства за да може на „театарот на соништата“ да пристигне младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
Доколку Санчо прејде во Манчестер Јунајтед, се чини дека за Лингард нема да има место ниту на клупата за резерви.