Користењето на ВАР технологијата сезонава во Премиерлигата беше предмет на бројни расправи и контроверзии.
„ЕСПН“ анализираше кој клуб најмногу профитирал сезонава од новата технологија.
Манчестер Јунајтед е клубот кој имал најголем профит од ВАР затоа што на неговите противници на мечевите им биле поништени дури 7 гола. „Ѓаволите“ се изедначени со Саутемптон и Брајтон.
Од друга страна ВАР не поништил ниту еден гол на Јунајтед, а од седум судиски проценки (кај фаули и играње со рака), 6 одлуки отишле во нивна корист.
„ЕСПН“ состави и табела на сите клубови според тоа колку ВАР одлуките биле на нивна корист, а колку на нивна штета.
На таа табела Манчестер (Ј) е со +8 (тоа означува дека имале 8 одлуки повеќе во корист, отколку на штета). Зад него се Брајтон со +7, па Кристал Палас со +4.
На другата страна на табелата се Вест Хем, Норич и Вулверхемптон со -5.
Новиот шампион Ливерпул е со резултат +2, додека Манчестер Сити е со -1.
ВАР сезонава помогна во носењето на 102 одлуки, признати се 25 регуларни погодоци, а поништени се 53 нерегуларни гола.
Осум црвени картони се доделени по прегледување на снимка, а 3 црвени картони се поништени.