Top Sport

„Ѓаволите“ се изборија за следна фаза, Мектоминеј одличен

Манчестер Јунајтед рутинирано, благодарение пред се на одличната партија на Скот Мектоминеј со 1-0 го победи Вотфорд и се избори за следна рунда во англискиот ФА куп.

Голот по корнер со глава беше дело на Мектоминеј во 5-тата минута, а остатокот од мечот иако беше во знакот на фаворитот, не донесе промена на резултатот.

Мектоминеј вечерва за првпат ја носеше капитенската лента во Јунајтед, па ги доби сите дуели, а прецизноста на додавањата му беше одлични 80%.

„Ѓаволите“ имаа три добри прилики за зголемување на резултатот, но голманот на Ворфорд – Даниел Бекман беше на висина на задачата.

Scroll to Top