Top Sport

„Кралевите“ без муниција на тешкиот терен во Памплона

Неуспех за Реал Мадрид во Памплона, кај екипата на Осасуна, 0:0. Мечот се играше на тежок терен.

Во првото полувреме избраниците на Зинедин Зидан не упатија ниту еден удар во рамките на голот на противникот, а домашните само еднаш се заканија кон Куртоа.

Во второто полувреме, уште на стартот Асенсио имаше шанса за да го отвори резултатот, но безуспешно.

Во 61 минута Бензема постигна погодок, но беше поништен поради офсајд.

До крајот резултатот остана непроменет.

Во моментов Реал е втор на табелата во Ла Лига и има бод помалку од градскиот ривал Атлетико, кој пак има 3 меча помалку во однос на Кралскиот клуб.

Scroll to Top