Францускиот репрезентативец, Пол Погба е творецот на победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли во рамки на 17 коло во Премиерлигата. „Ѓаволите“ славеа минимално со 1-0, а Погба во листата на стрелци се запиша во 71 минута, на асистенција на Рашфорд.
Со овој триумф, кој е потполно заслужен ако се земе во предвид фактот дека Јунајтед имаше 6 шута во рамки на голот на домашната екипа, додека Барнли ниту еднаш не го загрози Де Хеа, Манчестер се одлепи на +3 од Ливерпул пред големото неделно дерби токму со „црвените“ од „Енфилд“.
Во вториот меч во вечерниот термин во Премиерлигата, пулените на Карло Анчелоти славеа со 2-1 нагости кај Вулверхемптон.
Ивоби уште во 6 минута ги донесе „карамелите“ во водство, а „волците“ брзо го вратија резултатот во егал. Невес во 14 минута погоди за 1-1.
Во второто полувреме, во меч без многу шанси, Моис Кин стрелаше прецизно во 77 минута за конечни 1-2.
Со овие 3 бода Евертон се искачи на четвртата позиција на табелата со 32 бода, исто колку што има и Лестер кој е третопласиран.