Манчестер Јунајтед ја оствари 15. победа во Премиерлигата оваа сезона откако на „Олд Трафорд“ го совлада Лестер со убедливи 3:0. Маркус Рашфорд беше двоен стрелец за „ѓаволите“, а третиот гол беше дело на Џејдон Санчо.
Рашфорд беше незадржлив за одбраната на гостите. Тој во 25.минута донесе предност, а во 56.минута зголеми на 2:0. Пет минути подоцна Санчо го потврди триумфот со трет гол.
Сега Манчестер Јунајтед е третопласиран на табелата со 49 бода, пет помалку од лидерот Арсенал, кој има и еден одигран натпревар помалку.