Top Sport

Ѓоко Зајков промовиран во Универзитатеа Крајова

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков e нов фудбалер на романскиот клуб Универзитатеа Крајова. Тој потпиша договор на две и пол сезони и се приклучи на тимот на подготовки во Анталија.

Ѓоко Зајков беше член на украинскиот клуб Ворскла, но поради воената состојба во државата замина во Славија Софија.

Зајков претходно беше дел и од Работнички, Рен, Шарлоа и Левски. Тој има 22 настапи за А-селекцијата на Македонија.

Scroll to Top