Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија на АТП купот во Австралија. Ова репрезентативно натпреварување ќе се одржи од 1. до 9.јануари во Сиднеј. Учеството на Ѓоковиќ го потврди АТП.
Учеството на АТП купот со голема веројатност значи дека Ѓоковиќ ќе учествува и на Австралија опен.
АТП купот се одржува во Сиднеј, во државата Нов Јужен Велс, каде што епидемиолошките мерки за влез не се толку ригорозни како што се во државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн.
Србија ќе биде во А-групата на АТП купот, а противници ќе и бидат Шпанија, Норвешка и Чиле.
Групата Б ја предводи бранителот на титулата Русија. Во групата се Австрија, Австалија и Италија.
Германија, Канада, Велика Британија и САД се во Ц-групата, а Грција, Полска, Аргентина и Грузија се во групата Д.