Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски не е веќе тренер на Кожуф. Тој спогодбено го раскинал договорот со второлигашот. Искусниот стратег не го предводеше тимот на денешниот меч против Караорман.
Ѓоре Јовановски пред почетокот на оваа сезона се нафати да го преземе тимот на Кожуф. Сепак, лошите резултати и моментната десеттта позиција на табелата во Втората лига беа пресуден фактор за прекин на соработката.