Top Sport

Ѓукиќ повеќе не е тренер на Партизан

Мирослав Ѓукиќ повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Партизан објавија вечерва дел од српските медиуми.

Лошите изданија на тимот од почеткот на вториот дел од сезоната се причината поради која Ѓукиќ и својот втор мандат на клупата на Партизан го завршува со отказ.

Партизан е елиминиран не успеа да се пласира во осминафиналето во Лига Европа (елиминација од Викторија Плзен), во минатото коло во домашното првенство одигра нерешено со Земун 1:1, а во саботата запиша пораз од Раднички во Ниш 1:0.

По 25.кола Партизан има 52 бода, што е 14 бода помалку од лидерот на табелата Црвена звезда.

Српските медиуми објавија дека клубот утре ќе објави дека Ѓукиќ добил отказ откако двете страни ќе го договорат начинот на кој ќе ја раскинат соработката.

Како можни наследници на Ѓукиќ медиумите ги потенцираат поранешните фудбалери на овој клуб Зоран Мирковиќ кој е помошник во репрезентацијата на Црна Гора, односно Владимир Ивиќ кој нема работа откако замина од ПАОК, како и поранешниот тренер Александар Станојевиќ.

Scroll to Top