Top Sport

Тага во Неапол, Рома го оддалечи Наполи од скудетото (Видео)

Фудбалерите на Рома, како гости, на убедливо го совладаа Наполи 4.2 во второто дерби кое во саботата се одигра во рамките на 27.коло во Серија А. Наполи го доживеа вториот пораз оваа сеозна на домашен терен. Претходно бодовите од Неапол ги однесе и Јувентус на 1.декември минатата година.

Един Џеко со два гола стави карј на успешната серија од 11 победи на Наполи во италијанското првенство. Наполи сезонава има два порази во првенствоот и двата се на домашен терен.

Наполи добро влезе во мечот по пет минути игра Инсиње му донесе предност на својот тим, која по само 60 секунди ја поништи Ундер со голема помош на Марио Руи.

Потоа на сцена стапи Џеко, најпрвин со одар со глава го свлада реина во 26.минута, а потоа изведе мајсторија на мал простор и со прецизен удар во 73.минута зголеми на 1:3.

Шест минути подоцна траичарот на Наполи, Марио Руи со несмасна интервенција му овозможи на Пероти да го реши прашањњео околу победникот. До крајот на мечот Мертенс погоди за 4:2 и го постигна својот 17.гол во Серија А.

Наполи во текот на целиот меч имаше инцијатива, изведе повеќе корнери, упати повеќе удари кон противничкиот гол, но само еднаш успеа да го совлада одличниот Алисон. На спротивната страна Рома во вториот дел одигра класичен бункер, но своите шанси максимално ги искористи, римјаните пет пати шутираа во рамките на голот, а постигнаа четири гола.

Наполи и покрај поразот остана лидер со 69 бода, но има натпревар повеќе од Јувентус. Актуелниот шампион е вотр со 68 бода, а Рома со оваа победа на третата позиција го мина градскиот ривал Лацио.

Scroll to Top