Top Sport

Ѓунеш се врати во Бешикташ

Поранешниот селектор на Турција, Шенол Ѓунеш, архитектот на третото место на Турција на Светското првенство во 2002 година, е назначен за тренер на Бешикташ на местото на Французинот Валериен Исмаел, објави популарниот клуб од Истанбул.

„Добредојде дома, Шеноле Ѓунеш“, објави Бешикташ на Твитер.

70. годишниот тренер освои две шампионски титули со тимот од Истанбул во првиот мандат (2015-2019), а неговиот нов договор е до крајот на сезоната 2023/24. Како потенцијален тренер на Бешикташ се споменуваше и Вахид Халилхоџиќ, поранешниот тренер на Динамо, кој е без работа откако доби отказ на селекторската функција во репрезентацијата на Мароко.

Ѓунеш по 11. кола го презема тимот на петтото место во турската Супер лига, а таа позиција, според челниците е неуспех за клуб од рангот на Бешикташ.

„Црните орли“ имаат само една победа на последните шест натпревари, а во понеделникот претрпеа срамен пораз од 2:1 Хатајспор.

Во средата, Бешикташ објави дека спогодбено го прекинале договорот со тренерот Валериен Исмаел. Французинот во Бешикташ се задржа само седум месец.

Scroll to Top