Top Sport

Ѓунеш: За слабата Турција сум виновен јас, но и медиумите

Турскиот селектор Шенол Ѓунеш не планира да си даде оставка и вели дека има „многу фактори“ за неприфатливите перформанси на неговата репрезентација на ЕУРО 2020.

Турција, иако според многумина беше една од репрезентациите од кои се очекуваше многу на првенството, ги загуби сите три меча (од Италија, Велс и Швајцарија), и во татковината се очекува Ѓунеш да си даде оставка.

„Оваа млада селекција ќе ги одбележи следните 10 години во турскиот фудбал, иако мора да признаеме дека перформансите беа неприфатливи. Јас сум одговорен за тоа, но и фудбалерите и нивните индивидуални грешки, како и реакцијата на медиумите во Турција“, вели Ѓунеш.

Под водство на 69-годишниот искусен тренер Турција го оствари најголемиот фудбалси успех – третото место на СП во 2002 година, и тој се врати на клупата во 2019 година.

Scroll to Top