Top Sport

Гладбах ја доби „битката“ на Борусиите!

Борусија Менхенгладбах стигна до фантастична 4:2 победа во „дербито на Борусиите“ против Борусија Менхегладбах во последниот меч за двата клуба пред паузата поради Светското првенство.

Јонас Хофман ги донесе домаќините во водство по само четири минути игра, но „милионерите“ се вратија преку Јулијан Бранд во 19. минута. Сепак, домаќините ја презедоа контролата на мечот, откако Рами Бенсебаини во 26. минута и Маркус Турам четири минути подоцна ја збудалеа домашната публика. Дортмунд го комплетираше лудото прво полувреме намалувајќи на 3:2 преку Нико Шлотербек во 40. минута. Сепак, на крајот домаќините ја потврдија победата преку Куадио Коне само што започна второто полувреме.

Дортмунд останува на шестото место на табелата со 25 поени, додека Менхенгладбах сега се веднаш зад нив со 23 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top