Top Sport

Гладбах ја зголеми мизеријата на Херта

Борусија Менхенгладбах стигна до тесна 1:0 победа над Херта во првиот меч од третото коло во германската Бундеслига, оставајќи го клубот од германската престолнина без победа и со само еден поен по три меча.

Мечот беше одбележан со два пенали за домаќините и со црвен картон за гостите. Аласан Пле во 34. минута беше прецизен по првиот досуден пенал за „ждребињата“, пред во 69. минута, Филип Уремовиќ да добие црвен картон по играњето со рака во шестнаесетникот, но овојпат Јонас Хофман не успеа да постигне гол за потврда на триумфот.

Гладбах по три кола има 2 победи и 1 реми, за да се искачат на првото место на табелата.

Scroll to Top