Top Sport

Гладијаторот го одигра последниот меч за Рома (Видео)

Даниеле Де Роси (Kapitano Futuro) го одигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Рома. Еден од симболите на „волчицата“ дресот на Рома го носел на 616 натпревари. Де Роси заминува како една од најголемите легенди во клупската историја.

35 годишниот фудбалер на теренот пред мечот со Парма излезе заедно со своето семејство, а навивачите му приредија величествена кореографија.

Во негова чест играчите на Рома носеа посебен дрес со посебен грб со бројот 16.

Де Роси играта ја напушти во 82 минута, а резултатот од мечот е најмалку важен. Рома со головите на Пелегрини и Пероти ја победи Парма со 2:1 и сезоната ја заврши на шестото место на табелата.

Scroll to Top