Top Sport

Интер ги слави Наинголан и Хандановиќ, Милан остaнаа без ЛШ (Видео)

Со натпреварите од 38 коло, вечерва, заврши сезоната во Серија А. Покрај шампионот Јувевтус и Наполи, во Лигата на шампионите ќе играат Аталанта и Интер, Милан, Рома и Лацио ќе бидат италијански репрезенти во Лига Европа, а од Серија покра Киево и Фросиноне, испадна и Емполи.

Вистинска драма се случуваше на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер го пречека Емполи и со победа си го трасираше патот до Лигата на шампините. Емполи не успеа да го освои посакуваниот бод со што ќе останеше во елитата.

Имаа играчите на Емполи неколку добри шанси за израмнување на резултатот во финишот на мечот, но гредата и голманот Хандановиќ ја сочуваа победата на Интер.

Херои на Интер се стрелците на головите Кеита Балде и Раџа Наинголан. Поранешниот белгиски репрезентативец постигна гол во 81 минута, откако пет минути претходно Траоре го поништи водството на Интер. Стрелец на првиот гол беше Балде во 50 минута, а десет минути подоцна Икарди не успеа да реализира пенал.

Во финишот по ударот на Капуте топката се одби од Дамброзио и заврши во гредата, а потоа Хандановиќ на неверојатен начин го одбрани ударот на Учан.

Резултати, 38 коло

Торино-Лацио 3:1
Сампдорија-Јувентус 2:0
Интер-Емполи 2:1
СПАЛ-Милан 2:3
Аталанта-Сасуоло 3:1
Калјари-Удинезе 1:2
Рома-Парма 2:1
Фиорентина-Џенова 0:0

Scroll to Top