Македонската фудбалска бајка заврши во вторникот навечер на „Драгао“ во Порто, кога ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш даде два гола за 2:0 победа на Португалија и петто СП за неговиот соиграч Кристијано Роналдо.
Суров крај за македонските фудбалски навивачи, кои сакаа реприза од Палермо и победа над уште еден европски фудбалски џин за историски пласман на Мундијалот. Сепак, нема причина нашите фудбалери да се чувствуваат разочарано, бидејќи треба да знаат дека фановите се тука и во добро и во лошо.
Следна станица, Европското првенство во 2024, а потоа, зошто да не Мундијалот во 2026!