Top Sport

Главна цел на Јунајтед останува Хери Кејн

Ерик Тен Хаг бара „деветка“ за Манчестер јунајтед и во текот на летниот преоден рок прва цел ќе биде ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн, тврди „Дејли мејл“ и повеќе други англиски медиуми.

Договорот на англискиот капитен со Тотенхем завршува во јуни 2024 година, така што тој во текот на летото ќе влезе во последната сезона во лондонскиот клуб, кој ќе мора да го продаде ако не сака тој да си замине бесплатно. Тотенхем се подготвени за преговори за можно продолжување на договорот, но се очекува оваа одлука да зависи од тоа дали клубот ќе успее да оствари топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони. Сепак, ако мораат да го продадат, тие ќе бараат барем 85 милиони фунти, а можна е и повисока сума ако се работи за ривал од Премиерелигата.

Познато е дека Баерн Минхен подолго време се заинтересирани за напаѓачот, додека ситуацијата во Манчестер јунајтед ќе зависи од потенцијалната продажба на клубот. „Ѓаволите“ не трошеа многу во зимскиот преоден рок, носејќи го само голманот Џек Батленд, како и холандскиот напаѓач Вут Вегхорст, кој пристигна на шестмесечна позајмица.

Scroll to Top