Top Sport

Јувентус потврдија дека ќе се жалат на казната од 15 поени

Јувентус потврдија дека ќе се жалат на одлуката на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) да им додели 15 поени казна во случајот со лажно кревање на вредноста на трансферите за да се прикаже профит, откако првично беше побарана казна од 9 поени.

Покрај казната, со која Јувентус паѓа на 10. место на табелата со само 22 поени, клубот е ефективно без спортски директор, бидејќи Федерико Керубини доби суспензија од 16 месеци, додека поранешните лидери на клубот, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене се суспендирани на две години.

Јуве потврди дека почнале со процесот за апелација пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

Scroll to Top