Top Sport

Главните ѕвезди се изнапромашуваа, Грузија и Норвешка со реми

Мартин Одегард за Арсенал и Квича Кварацхелија за Наполи оваа сезона се клучни играчи за своите клубови, но во репрезентативниот дрес двајцата имаа премногу промашувања за Грузија и Норвешка да одиграат 1:1 во второто коло во квалификациите за ЕУРО 2024.

Александер Сорлот ги донесе гостите во водство во 15. минута од мечот, по што повеќе од играта имаа Грузијците, за да успеат да израмнат во 61. минута преку Георге Микаутадзе. Норвешка бараше пенал во финишот на мечот по играта со рака во шестнаесетникот на Грузија, но по долгата ВАР проверка беше досуден само корнер.

Во вториот меч од групата А, вечерва Шкотска ја пречекува Шпанија.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А
Грузија – Норвешка 1:1
Шкотска – Шпанија 20.45 ч.

Scroll to Top