Top Sport

Главоболки за Чави по натпреварите во Лигата на нации

Синоќешните натпревари во Лигата на нации се претворија во вистински кошмар за тренерот на барселона Чави. Барселона, веројатно на подолг период остана без двајца фудбалери.

Франција на свој терен ја совлада Австрија со 2:0, а селекторот на „триколорите“ Дидие Дешан во 23. минута поради повреда на мускулот мораше да го замени овогодишното засилување на Барселона, дефанзивецот Жил Кунде.

Истата судбина го снајде и клупскиот колега на Кунде, Мемфис Депај. Холандија во Варшава ја совлада Полска со 2:0, а Депај беше заменет во 52. минута поради болки во мускулите.

Според информациите од Шпанија и двајцата ги очекува пауза од најмалку три недели, што значи дека ќе го пропуштат „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 16. октомври.

Scroll to Top