Top Sport

Главоболки за Мурињо, крај на сезоната и за Бергвајн

Стивен Бергвајн им се придружи на листата на повредени во Тотенхем на Кејн, Сон, Сисоко, Фојт и Дејвис. Повредата на Холанѓанецот му била дијагностицирана по натпреварот со Брајтон во саботата.

Бергвајн во зимскиот преоден рок за 30 милиони евра од ПСВ Ајндховен се пресели во Тотенхем.

Холанѓанецот по мечот со Брајтон се пожалил на повреда, а прегледите покажале дека има сериозна повреда на глуждот поради што нема да игра до крајот на сезоната. Под знак прашалник е дури и неговиот настап на Европското првенство.

„Не очекуван дека Бергвајн ќе се врати до крајот на сезоната, но веќе навикнавме да ни се случуваат вакви работи. Тројца, четворица, шестмина или седум мина повредени играчи сеедено е“, рекол тренерот Жозе Мурињо.

Тотенхем вечерва гостуваа во Лајпциг во Лигата на шампионите. Мурињо има големи проблеми со составувањето на тимот, практично нема здрав напаѓач. Од играчите кои се здрави и кои можат по потреба да играат во врвот на нападот Мурињо ги има Лукас Моура и Дел Али.

Scroll to Top