Top Sport

Невозможни мисии за Валенсија и Тотенхем

Првите реванш натпревари од осмина-финалната фаза во Лигата на шампионите на програмата се вечерва. Валенсија на „Месталја“ ќе ја пречека Аталанта, а Тотенхем ќе гостува во Лајпциг.

Аталанта пред три недели ја победи Валенсија со 4:1, додека Лајпциг има предност над Тотенхем по првиот меч од 1:0.

Поразот од Лајпциг беше вовед во лошата серија во која влегоа фудбалерите на Тотенхем. Екипата на Жозе Мурињо доживеа порази во првенството од Челси и Вулверхемптон, во ФА купот испадна од Норич, а викендов ремизираше со Барнли.

Лајпциг два пати одигра нерешено на последните два натпревари поради што падна на третата позиција во Бундеслигата. Германскиот тим на последните пет натпревари примил само еден гол.

Унгарецот Орбан нема да игра поради повреда, додека иако се жалат на ситими повреди се очекува во тимот на Лајпциг да бидат Вернер, Ампаду, Конате и Кампл.

Далеку поголеми проблеми околу составувањето на тимот има Мурињо. За Тотенхем сигурно нема да играат Кејн, Сон, Сисоко, Дејвис и Сон.

Пред невозможна мисија во реваншот се наоѓаат фудбалерите на Валенсија. Покрај негативата од три гола, голем хендикеп ќе им биде тоа што мечот ќе го играат зад затворени врати.

Исто така тренерот на Валенсија има сериозни проблеми со повредените играчи. Дуелот со Аталната сигурно ќе го пропуштат Гарај, Габриел, Макси Гомес, Мангала, Писини, Родриго, Кокелан и Валјехо.

Аталанта ја има фаворитската улога и поради формата во која се наоѓа. Екипата на Џанпјеро Гасперини е во серија од пет победи.

Scroll to Top