Иднината на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Џирона е неизвесна. Нема да биде изненадување доколку во финишот на преодниот рок Македонецот си замине од Каталонија.
Вечерва, шпанските и англиските медиуми објавија дека шкотскиот великан Глазгов Ренџерс покажал интерес за Миовски. Според информациите, „полицајците“ сакаат да го донесат Миовски на позајмица.
Миовски, минатото лето од Абердин пристигна во Џирона за сума од 8.500.000 евра. Во Каталонија немаше добра сезона, постигна четири гола во 25 натпревари во сите натпреварувања, но речиси не играше во вториот дел од сезоната, поради повредите, но и поради одлука на тренерот.
Во првиот натпревар оваа сезона, Миовски беше стартер, а потоа заменет во 45.минута кога голманот Газанига доби црвен картон. Инаку, во првото коло Џирона загуби на домашен терен од рајо Ваљекано (0:2).
Миовски има договор со Џирона до јуни 2028 година.