Top Sport

Глазер го собори рекордот во Лигата на шампионите

Голманот на Црвена звезда, Омри Глазер синоќа стана рекордер во Лигата на шампионите.

Во поразот од Манчестер сити (1:3), Израелецот имаше дури 13 одбрани, објави специјализираниот портал за статистика „Мадридзоне“.

Глазер бранеше феноменално во поголемиот дел од натпреварот на стадионот „Етихад“ и беше најзаслужен што Црвена звезда на полувремето замина со предност од 1:0.

Немаше среќа во 60.минута кога му подари гол на Хулијан Алварез.

Израелецот по бројот на одбрани го престигна Фернандо Муслера, кој имаше 12 одбрани на натпреварот Галатасарај – Реал кој се одигра на 22 октомври 2019 година.

Scroll to Top