Семејството Глејзер е подготвено да се откаже од сопственоста на Манчестер јунајтед, но не за сума помала од 4 милијарди фунти, бидејќи сметале дека Европската Суперлига би ја кренала вредноста на клубот, јавува „Дејли мирор“.
Американските милијардери го купија славниот англиски клуб за „само“ 790 милиони фунти во 2005 година, и секогаш биле екстремно непопуларни кај навивачите на „ѓаволите“, што кулминираше вчера со палењето на американското знаме пред „Олд Трафорд“ по фијаското со Суперлигата.
Според „Мирор“, понуда од 4 милијарди фунти би била прифатена од браќата Џоел и Аврам Глејзер. Иако, секако, ќе има многу заинтересирани за клуб со репутација и историја и армија на фанови како Јунајтед, но сумата е практично невозможна.