Top Sport

Глејзери го продаваат Манчестер јунајтед по 17 години како газди!

Американското семејство Глејзери ја разгледуваат опцијата за продажба на Манчестер јунајтед по 17 бурни години, јавува „Скај спортс“ во уште една вест која ги стресува „ѓаволите“, неколку часа откако беше објавено дека го раскинале договорот на Кристијано Роналдо по неговото интервју со Пирс Моргн.

Американските газди постојано беа критикувани од голем дел од навивачите на Манчестер јунајтед по преземањето на клубот во 2005, со обвинувања дека само „цедат“ пари од клубот, додека враќаат многу малку во инвестиции на стариот стадион и тренинг центар. Според „Скај њуз“, Глејзери се подготвени јавно да објават интерес за надворешни инвестиции во клубот, со потенцијално целосно продавање на клубот.

Тие додаваат дека веќе се контактирани повеќ инвестициски банкари со етали за процесот, со можност за целосна продажба или „стратешко партнеерство“, а се верува дека Глејзери ќе бараат помеѓу 5 и 9 милијарди фунти да го продаат клубот. Јунајтед имаат драстичен пад во успесите на фудбалските терени по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, последна во која освоија титула со повеќе врвни менаџери кои поминаа низ клубот.

Минатата недела, Роналдо во своето интервју со Морган директно ги критикуваше Глејзери посочувајќи дека нема еволуција во клубот.

„Ништо не сменето. Ги сакам фановите и знам дека се на моја страна. Но, ако сакаат успеси, мора да се сменат многу работи. Фергусон го знае тоа најдобро од сите. На Глејзери не им е грижа, тие го водат клубот како комерцијален, а не фудбалски клуб“, обвини тогаш Роналдо.

По објавата на „Скај спортс“, акциите на Манчестер јунајтед на берзата во Њујорк скокнаа за 15 отсто.

Scroll to Top