Top Sport

Гнабри го продолжил договор со Баерн

Репрезентативецот на Германија, Серж Гнабри, потпишал нов повеќе годишен договор со Баерн Минхен. Претходниот договор на поранешниот играч на Арсенал и Вердер му истекуваше во јуни 2020 година.

Гнабри игра добра сезона во дресот на Баерн, успеа да се наметне кај тренерот Нико Ковач. На 29 натпревари во сите конкуренции постигнал осум гола, а бидејќи има само 23 години, во клубот решиле да му понудат нов договор.

„Тука се чувствувам како дома. Задоволство е да се игра за ваков клуб, се надеван дека во иднина ќе освоиме многу трофеи. Се надевам дека во иднина ќе напредувам уште повее и дека ќе бидам подбар играч“, рекол Гнабри.

Според новиот договор Гнабри во Минхен ќе остане до 2023 година.

Scroll to Top