Top Sport

Гнабри: Идејата за „машкост“ го спречува развојот на фудбалерите

Ѕвездата на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Серж Гнабри смета дека традиционалните идеи за „машкост“ се застарени и дека претставуваат пречка во развојот на модерниот фудбал.

24-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал, постигна два гола при 2:2 пријателскиот меч со Аргентина, продолжувајќи ја одличната форма, откако на почетокот на кариерата имаше тежок период , посебно кога беше позајмен на Вест Бромвич албион. Откако се врати во Германија, прво во Вердер и Хофенхајм и сега во Баерн, тој е „препороден“.

„За мене е поважно да бидеш добра личност, отколку добар маж. Добар човек е некој кој се грижи за својата околина, кој им сака добро на другите луѓе, кој е искрен и напреден. Со родовите улоги се добива ориентација, но и ограничување. Машкоста во класичен стил не е важна за мене, бидејќи тоа посочува само на сила“, вели Гнабри во интервју за „Џи кју“.

Тој посочи пример со неговиот татко, кој го придружуваше кога се пресели во Англија на 16 години.

„Ако мојот тим загубеше важен натпревар, јас плачев пред нив. Еднаш, кога ни беше тренер, тој ми викаше за грешките на соиграчите. Тоа ме направи поцврст и поотпорен на критики. Мојот татко беше секогаш тука за мене цела кариера“, додав Гнабри.

Scroll to Top