Top Sport

ФИФА дозволи Ансу Фати да настапува за Шпанија, дебитира против Македонија?

Тинејџерот на Барселона, Ансу Фати доби дозвола од ФИФА да ја претставува Шпанија и најверојатно ќе добие шанса во следниот блок на интернационални натпревари да настапи за „Фуријата“.

16-годишниот Фати е роден во Гвинеја-Бисау, но има шпанско државјанство, кое го доби во септември оваа година, но ФИФА мораше да даде дозвола за настап со доказ дека нема настапи за африканската нација.

Документацијата стигна предоцна тој да биде вклучен во У-21 репрезентацијата за дуелот со Црна Гора на 15 октомври, а тој не беше избран за СП до 17 години, кое ќе се оддржува во Бразил од 16 октомври до 17 ноември.

Најверојатната опција е Фати да се приклучи на У-21 репрезентацијата за мечевите со Македонија и со Израел во ноември, но постојат и шпекулации дека Роберт Морено може да го избере за дуелите со Малта и Романија во средината на ноември.

Фату почна со тренинзите со првиот тим на Барса четири дена пред да дебитира во Ла лига за дуелот со Реал Бетис на 25 август. Првиот старт, истата недела против Осасуна беше блескав и тој стана најмладиот стрелец на гол во Ла лига.

Scroll to Top