Top Sport

Гнабри сам ги „гази“ Лион

По неполно полувреме, Баерн Минхен има 2:0 предност против Лион во второто полуфинале од Лигата на шампионите и е на чекор од финална пресметка со Пари Сен-Жермен, благодарение на Серж Гнабри.

По фантастичниот прв гол во 18. минута, Гнабри во 33. минута се најде на вистинското место по еден карамбол пред голот на францускиот клуб, и ја смести топката во мрежа за удвојување на водството. Само чудо може да ги спречи Баварците да стигнат до победа во овој меч.

Scroll to Top