Top Sport

Тирана, Лудогорец и Сараево во второто квалификациско коло во ЛШ

Тирана стигна до изненадувачка 2:0 победа на гостувањето кај Динамо Тбилиси во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони за да постави интригантен дуел со Црвена звезда, а првата пречка ја поминаа и Лудогорец, Сараево, Целје и Ференцварош.

Аргентинецот Агустин Тораса ги донесе Тирана во водство при крајот на првото полувреме, пред Марсел Исмајлгечи да ја потврди победата во 86. минута. Во албанскиот шампион играат и македонските репрезентативци Филип Најдоски и Кристијан Тошевски.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Арарат-Арменија (Ерм) – Омонија (Кип) 0:0, 0:1 по продолженија

Молде (Нор) – КуПС Куопио (Фин) 5:0

Флора (Ест) – Судува (Лит) 1:1, 2:4 на пенали

Целје (Сло) – Дандалк (Ирс) 3:0

Динамо Тбилиси (Гру) – Тирана (Алб) 0:2

Ференцварош (Унг) – Ѓургарден (Шве) 2:0

Макаби Тел Авив (Изр) – Рига (Лет) 2:0

Будуќност (ЦГо) – Лудогорец (Буг) 1:3

Конахс Квај (Вел) – Сараево (БиХ) 0:2

Клаксвик (Фар) – Слован Братислава (Свк) одложено

Шериф Тираспол (Мол) – Фола Еш (Лук) 2:0

Флоријана (Мал) – ЦФР Клуж (Ром) 0:2

Scroll to Top