Top Sport

„Го гледам Роналдо на плажа, флаша во раката, пепелник на стомакот…“

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч евоцирал спомени од средбата со идолот, оригиналниот Роналдо. Крауч познат по својот хумот рекол дека сонува да одигра 90 минути во тандем со славниот Бразилец.

Крауч открил како го запознал Роналдо.

„Го запознав еднаш. Бев на одмор на Ибица и го забележав како лежи на плажа. Беше зафатен со пење пиво, се сеќавам дека имаше пепелник на стомакот“, раскажал Крауч за „Дејли Мејл“.

„Секогаш го ќе завршеше со пијалакот ќе дојдеше девојка, супермодел и ќе му донесеше ново“.

Крауч не сакал да ја пропушти можноста да се фотографира со Роналдо.

„Кога застанав пред него очекував дека ќе каже ‘о ти си Крауч’, но тој немаше поим кој сум јас“.

Крауч во кариерата играше за многу тимови, а најголема трага остави во Сотоук во период од 2011 до 2019 година.

Scroll to Top