Top Sport

Ф1 ќе произведуваат респиратори

Тимовите во Формула 1 го формирале проектот „Бокс“ што значи дека ќе се вклучат во производство на медицинска опрема.

Хуманитарниот проект предвидува производство на респиратори за луѓето кои се заразени со коронавирусот. Во проектот „Бокс“ се вклучија седум тимови чие седште е во Велика Британија (Мерцедес, Ред Бул, Мекларен, Рено, Рејсинг Поинт, Хас и Вилијамс).

Поради коронавирусот веќе се одложени или откажани десет трки. Според најавите можно е сезоната да започне дури со Големата награда на Канада на 14 јуни.

Scroll to Top