Top Sport

Го играше најлудото европско финале, па го уништија дрога, коцка и алкохол!

Во мај 2001 година Ливерпул и Алавес го одиграа митското финале во Купот на УЕФА. „Црвените“ со златен гол во продолженијата победија со 5-4, а во стартните 11 на Ливерпул настапи и англискиот репрезентативец, Дени Марфи.

За оние кои не се сеќаваат или не биле родени – тој беше одличен играч од средниот ред и 7 години играше за Ливерпул, подоцна за Тотенхем, Фулам и Блекбурн. Во 2013 година стави крај на кариерата.

За „Гордиот Албион“ има 9 настапи.

Во меѓувреме Марфи помина низ вистински пекол, а хоророт започнал откако замина во „фудбалска пензија“.
По неколкуте години уживања западнал во депресија.

„На почетокот уживав, играв голф, работев во медиуми, се одморав, но по тоа како некој да ме удри со чекан“ раскажа Марфи за „Daily Mail“.

„Се започна кога решив дека веќе нема да играм фудбал, а заштедата полека ја снемуваше. Во текот на 12 мрачни месеци почнав да пијам, да се дрогирам, да се коцкам. Бракот ми се распадна. Се тепав со браќата, со пријателите. Останав сосем сам“ рече Дени Марфи.

Тој вели дека дел од грдите работи почнале да му се случуваат уште додека го носел дресот на Тотенхем.

„И во текот на кариерата се случуваа лоши работи. Кога играв за Спарси, почина татко ми. Ми беше ужасно. Илјадници навивачи сметаат на тебе, а ти мислиш само на тоа. Отидов на тренинг 2 дена по смртта на татко ми. Дури кога завршив со фудбалот добро се изнаплакав“ вели тоа.

За среќа, најлошото вели дека е зад него.

„Пресврт се случи кога почнав да зборувам со најблиските за тоа што ми се случува. Бев уморен од се. Прифатив професионална терапија и тоа беше почеток на моето опоравување. Бев уморен од се. Денес имам сјаен однос со пријателите, прекрасна партнерка и повторно сум во контакт со браќата“ заврши Марфи.

Scroll to Top