Некогаш еден од најдобрите шпански судии, Естрада Фернандез, откри со колкав притисок се соочуваат судиите во Шпанија кога ги им судат најголемите тимови.
Естрада Фернандез веќе неколку сезони е во пензија,во едно интервју откри колку морал да биде внимателен кога сакал да носи одлуки кои се спротивставени на интересите на најголемите шпански тимови. Кога им судите на Реал Мадрид, Барселона па и на Атлетико, притисокот е огромен.
„Судиите се под притисок, не е исто да судиш натпревар против мал тим или голем тим како Барселона, Реал Мадрид или Атлетико Мадрид. Ако направиш грешка, комисијата те казнува. Ќе ви откријам што ми се случи во 2009 година, кога го исклучив Кристијано Роналдо. Не му судев на Реал Мадрид повторно таа сезона. Знаете дека има медиумски одек и мора да бидете многу внимателни кога ќе донесете одлука”, изјави пензионираниот судија.
Естрада го исклучи Роналдо против Алмерија, му покажа два жолти картони. Прво му даде жола бидејќи го соблече дресот кога го прославуваше голот, а три минути подоцна нападна ривал и затоа судијата му го покажа вториот жолт картон.
Најголемиот натпревар на Естрада Фернандез е финалето на Суперкупот помеѓу Реал и Атлетико во сезоната 2014/2015.