Информацијата што денес доаѓа од фудбалскиот клуб Касимпаша е за во рубриката верувале или не. Касимпаша добија нов тренер, а по четири часа му врачиле отказ.
Касимпаша претпладнево на прес конференција го промовираа Ибрахим Узулмез (45) во нов тренер. Шок за медиумите следуваше неколку часа подоцна кога од клубот ги информирале дека ја раскинале соработката со Узулмез.
Овој тренер во кариерата работел во Генчелбирлиги, Ризеспорт, Гасиентеп и Елазигспор.
Касимпаша минатата сезона ја предводеше Илјас Озтурк, а доби отказ бидејќи клубот заврши на 14 место на табелата.