Наџила Триндаде, девојката која го обвини Нејмар за силување е обвинета за изнуда и измама. Бразилката , в мај годинава, го обвини популарниот фудбалер дека ја силувал во Париз, меѓутоа судот ја отфрлил тужбата поради недостаток на докази.
Триндаде сега се наоѓа пред многу поголем проблем, бидејќи заедно со поранешниот партнер Естивенс Алвес, била обвинета за измама и изнуда.
Доколку судот го докаже ова Наџила и нејзиниот поранешен партнер се соочуваат со повеќегодишни затворски казни.
Инаку, откако тужбата против Нејмар беше отфрлена поради недостаток на докази, фудбалерот рекол дека „лузната од овој случај ќе ја носи засекогаш“.