Top Sport

Уплаќал тикети во обложувалница, суспендиран соиграч на Алиоски

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му изрекла шест неделна суспензија на младиот фудбалер на Лидс, Џордан Стивенс.

Поради обложување Стивенс во наредните шест недели не смее да има никаква активност поврзана со фудбалот.

19 годишниот фудбалер минатата сезона извршил 59 уплати во обложувалница, пет од тие уплати биле на натпревари што ги играл неговиот тим Лидс.

Во Лидс сметаат дека казната на ФА е премногу строга.

„Разочарани сме од санкцијата што ја одбраа луѓето од ФА. Да му се забрани на млад фудбалер да нема допир со фудбалот во важен период за кариерата не е добра казна. Во ФА треба да имаат разбирање дека се работи за невнимателност на еден млад човек“, рекол директорот на Лидс, Артур Кинер.

Инаку Стивенс е член на Лидс од 2018 година и досега одиграл само еден натпревар.

Scroll to Top