Top Sport

Го одби Виљареал – Кавани во Валенсија

Единсон Кавани до крајот на денот ќе го засили ќе го засили нападот на Валенсија. Уругваецот договорил двегодишен договор со „лилјаците“, договорот ќе го потпише кога ќе ги заврши лекарските прегледи.

Кавани беше на мета на Виљареал, сепак реши да ја прифати понудата од Валенсија, бидејќи Џенаро Гатузо му го гарантирал дека ќе биде предводник на новиот проект.

Макси Гомез оди во Фенербахче, на неговото место доаѓа сонародникот Кавани, кој конечно ќе го оставри сонот да заигра во Примера.

Кавани во кариерата настапуваше за Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер јунајтед, Со точно 200 е најдобриот стрелец во историјата на Пари Сен Жермен.

 

Scroll to Top